Connect with us

Свет

Арагчи: Прекинот на огнот со САД го опфаќа и Либан

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи денеска на платформата Икс објави дека актуелното примирје помеѓу Иран и САД е недвосмислен прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан.

– Кршење на еден фронт е кршење на прекинот на огнот на сите фронтови. САД и Израел ја носат одговорноста за последиците од какво било кршење, наведе Арагчи.

Неговата изјава уследи откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска нареди напади врз јужните предградија на Бејрут контролирани од Хезболах.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1