Регион
Во Србија почна со работа „Киберстража“ – платформа за пријавување и спречување високотехнолошки криминал
Во Србија почна со работа „Киберстража“, национална платформ наменета за пријавување и спречување разни форми на високотехнолошки криминал, зајакнување на дигиталната безбедност и заштита на граѓаните и економијата во дигиталниот простор.
Платформата е достапна на https://sajberstraza.gov.rs и таа е дизајнирана како единствено место на кое граѓаните и правните лица може да пријавуваат кривични дела во дигиталната средина, но и да добиваат информации и предупредувања за безбедносни ризици.
Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека целта на платформата не е само пријавување инциденти, туку и нивно спречување, побрзо откривање закани и поефикасен одговор на надлежните институции. Според него, преку платформата ќе биде можно да се пријавуваат интернет-измами, злоупотреба на сметки, компромитирање дигитални системи, злонамерни врски и содржини, кражба и злоупотреба на лични податоци, дигитално насилство, уцена и други инциденти во дигиталниот простор.
Тој оцени дека високотехнолошкиот криминал повеќе не е изолиран феномен, туку форма на криминал што ги засега граѓаните, економијата и институциите и дека интернетот е простор во кој дејствуваат организирани криминални групи и измамници.
јуни 1, 2026
