Connect with us

Свет

САД ги затвораат „дупките“ во контролата на извозот чипови кон Кина

САД презедоа нови мерки со цел да ја затворат „дупката“ во контролата на извозот на напредни компјутерски чипови кон Кина, преку ограничувања и за странските компании што соработуваат со Кина.

Според новите насоки на американскиот Уред за индустрија и безбедност при Министерството за трговија, забраните за извоз не се однесуваат само на директни испораки кон Кина, туку и на странски компании кои имаат седиште или матична фирма во Кина.

Напредните чипови на американската компанија „Nvidia“ се сметаат за клучни во глобалната трка за развој на вештачка интелигенција. Вашингтон претходно воведе трговски ограничувања кон Пекинг за најмоќните производи на компанијата.

Мерката укажува дека САД продолжуваат со строг пристап кон Кина, и покрај обидите на американскиот претседател Доналд Трамп да ги подобри односите со кинескиот лидер Шји Џјинпинг.

„Nvidia“ се обидува повторно да го зацврсти своето присуство на кинескиот пазар, каде остваруваше милијарди долари приходи пред ескалацијата на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг.

Компанијата, која се смета за највредна во светот, има голем финансиски интерес во кинескиот пазар на чипови за вештачка интелигенција, кој извршниот директор Џенсен Хуанг го опишал како можност вредна повеќе милијарди долари. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1