Connect with us

Свет

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми.

Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време.

Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци.

Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема оддалеченост. Двајцата повредени, жители на заливот Сент Полс Беј, во моментот на експлозијата биле во близина на фабриката.

Полицијата соопшти дека во моментот на експлозијата во објектот немало ниту еден од вработените во фабриката.

На терен се распоредени полициски и екипи на службите за цивилна заштита и итна медицинска помош, како и припадници на вооружените сили, кои го обезбедуваат местото. Упатен е повик до граѓаните да не се приближуваат до зоната

Маркетинг
Ad 1
Ad 1