Connect with us

Свет

Лабуристичката партија освои историски четврти мандат на парламентарните избори во Малта, покажуваат првични резултати од гласањето

Лабуристичката партија на Малта освои четврти мандат, со што се потврди победата на актуелниот премиер Роберт Абела, покажаа денеска првичните резултати од гласањето.

Прелиминарните резултати покажаа дека Лабуристичката партија ја задржа власта, соопштија претставници центарот за пребројување гласачки ливчиња во градот Наксар.

Абела и неговата Лабуристичка партија ја истакнуваат економска стабилност, бидејќи најмалата земја во ЕУ минатата година забележа најбрз раст на БДП од четири проценти. 

Малта има многу ниска инфлација и најниска стапка на невработеност во еврозоната. Цените на електричната енергија и горивото се исто така најниски во Европа и такви се во последните 10 години.

Администрацијата на Абела успеа да го заштити малиот медитерански остров од глобални кризи, особено од непосредните последици од конфликтот на Блискиот Исток.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1