Свет
Израелската армија ja освои стратешки важнaтa тврдина Бофорт, во јужен Либан
Израелската армија денеска ја освои 900 години старата тврдина Бофорт, во јужен Либан, соопшти ИДФ, што претставува значаен напредок во борбата против Хезболах и покрај прекинот на огнот прогласен пред повеќе од шест недели.
Тврдината беше освоена по еден од најтешките денови на гаѓања на Хезболах врз северен Израел откако започна прекинот на огнот во април.
На освојувањето на Бофорт му претходеа неколкудневни интензивни борби и воздушни напади врз блиските села, каде што израелските војници се бореа против Хезболах.
Операцијата, соопшти војската, беше фокусирана на воспоставување контрола врз Бофорт и областа Вади ал-Салуки.
Еден израелски војник е убиен, соопшти војската.
Хезболах се приклучи на војната меѓу САД и Израел против Иран со испукување ракети и беспилотни летала кон Израел на 2 март, неколку дена по почетокот на конфликтот со Иран. Потоа Израел се обиде да ја потисне проиранската милиција од својата северна граница.
Заземањето на тврдината Бофорт, од времето на крстоносните војни, ѝ обезбеди на израелската армија точка за надзор над поголемиот дел од јужен Либан и северен Израел, од каде што беа извршувани напади врз израелските станбени области.
Во последните денови, Израел го прошири опсегот на операции во Либан, повикувајќи ги жителите на јужните области да се евакуираат. Ниту Хезболах ниту либанската Влада не коментираа за израелскиот напредок
јуни 1, 2026
