Connect with us

Свет

Калас: Падот на дронот е сериозно кршење на романскиот суверенитет и на европскиот воздушен простор

Падот на руски дрон врз станбена зграда во романскиот град Галати беше очигледно и сериозно кршење на суверенитетот на Романија и на европскиот воздушен простор, објави високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

„Утрово разговарав со министерката за надворешни работи, Оана Коџу, за да ѝ ја пренесам целосната солидарност на ЕУ со Романија. Русија одамна престана да ги почитува границите. На Москва не може да ѝ се дозволи неказнето да го крши европскиот воздушен простор“, напиша Калас на Икс.

Таа додаде дека шефовите на дипломатиите на ЕУ вчера ветија дека ќе го интензивираат притисокот врз Русија, ќе ја зголемат поддршката за Украина и ќе инвестираат во одбранбената подготвеност на самата Европа.

Утрово беспилотно летало се урна врз станбена зграда во градот Галати, во Романија, по што следеше експлозија и пожар во стан на 10-тиот кат од зградата.

Две повредени лица се пренесени во локалниот центар за итни случаи.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1