Connect with us

Регион

Европскиот трофеј на Олимпијакос во Премиерската палата – Мицотакис ги прими претседателот, тренерот и дел од играчите

Претседателите и потпретседателот на кошаркарскиот клуб Олимпијакос, тренерот и двајца од играчите, заедно со трофејот од Евролигата претпладнево ја посетија Премиерската палата и беа примени од грчкиот пемиеро Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпијакос во неделата со 92-85 ја совлада екипата на Реал Мадрид во финалето од Евролигата штп се одржа во Атина и ја освои четвртата европска титула.

Грчкиот премиер денеска се сретна со претседателите на клубот Панајотис и Јоргос Ангелопулос, потпретседателот Јоргос Скиндилиас, со тренерот Јоргос Барѕокас, како и кошаркарите Костас Папаниколау и Томас Вокап.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис им честитал за освојувањето на Евролигата и разговарале за досегашните резултати, успесите и перспективите на грчката кошарка.

Според објавените фотографии и видеото, средбата поминала во опуштена атмосфера, Мицотакис доби потпишана кошаркарска топка со знакот на Фајналфорот одржан во Атина.

Тренерот Барѕокас, кого навивачите на Олимпијакос поради неговата тактика го нарекуваат „шахист“, на Мицотакис му подари шах, заедно со други сувенири со знакот на „црвено-белите“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1