Connect with us

Свет

Русија ги повика САД и Иран да не го обновуваат вооружениот конфликт

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика САД и Иран да не го обновуваат вооружениот конфликт што носи ризик од хуманитарна криза од големи размери.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на прес-конференција изјави дека обновата на конфликтот меѓу САД и Иран би имала негативни последици за целиот свет, објавија руските медиуми.

Захарова потсети дека прашањето за иранскиот збогатен ураниум е една од главните теми на актуелниот индиректен дијалог меѓу САД и Иран.

Иран нема да се откаже од своите црвени линии, како што се правото на збогатување ураниум, управување со Ормуската Теснина и укинување на санкциите, изјави денеска шефот на парламентарниот комитет на Иран за национална безбедност и надворешна политика, Ебрахим Азизи.

Висок функционер на администрацијата во неделата изјави за Си-Ен-Ен дека нацрт-договорот им дава на страните „60 дена да постигнат конечни договори“.

Според него, потенцијалниот договор треба да обезбеди Иран никогаш да не може да поседува нуклеарно оружје и би го обврзал да се откаже од високо збогатениот ураниум.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека збогатениот ураниум што го поседува Иран треба да се уништи или во САД, во Иран или на некоја друга прифатлива локација.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1