Connect with us

Свет

Парламентот на Исланд одобри референдум за повторно започнување на преговорите за пристапување во ЕУ

Парламентот на Исланд денеска гласаше за тоа Исланѓаните на 29 август да се изјаснат на референдум за повторно започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија, поддржувајќи го двостепениот план на владата кој би можел да доведе до членство во европскиот блок во текот на оваа деценија.

Доколку гласачите го поддржат продолжувањето на преговорите, како што соопшти Владата на Исланд, конечните услови за членство во ЕУ ќе бидат потврдени на втор референдум, додека негативниот исход би значел крај на обидите за обнова на преговорите.

Во парламентот од 63 пратеници, 34 гласаа „за“ референдумот, осум беа против, 14 беа воздржани, додека седуммина беа отсутни.

Исланд поднесе барање за членство во ЕУ во 2009 година, но ги замрзна преговорите за пристапување во 2013 година, кога на власт дојде евроскептична влада. Како што покажаа анкетите за јавното мислење, растот на трошоците за живот и војната во Украина во меѓувреме повторно го поттикнаа интересот за членство.

Министерката за надворешни работи на Исланд, Торгердур Катрин Гунарсдотир, во март изјави дека е оптимист оти Исланд би можел да стане членка на ЕУ уште во 2028 година, наведувајќи дека рибарството и земјоделството би можеле да бидат најтешките делови од преговорите.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1