Connect with us

Свет

Претседателот на Боливија доби пошироки овластувања за ангажирање на армијата

Боливискиот Парламент синоќа го укина законот што строго го регулираше прогласувањето вонредна состојба, со што му овозможи на претседателот Родриго Пас поголема слобода да ја ангажира армијата и да ограничи одредени граѓански слободи како одговор на актуелните протести за негова оставка.

Со повеќе од две третини од гласовите Долниот дом на Парламентот ја укина одредбата што беше во сила од 2020 година и која ги ограничуваше овластувањата на извршната власт при прогласување вонредна состојба.

„Законот за укинување на оваа одредба е усвоен“, изјави претседателот на Долниот дом, Роберто Кастро, на седницата одржана преку видеоконференција на која учествувале 117 пратеници.

Законот што претходно беше одобрен и од Сенатот, на шефот на државата му дава значително поголема слобода на дејствување во услови на политичка и безбедносна криза.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1