Connect with us

Свет

Јапонија ќе формира Национално биро за разузнавање

Јапонскиот Парламент денеска усвои закон со кој се одобрува формирање нов орган за разузнавање, што претставува клучен чекор во плановите на премиерката Санае Такаичи за зајакнување на безбедносниот систем на земјата.

Со новата реформа се предвидува создавање Национално биро за разузнавање, тело што ќе ги обедини разузнавачките информации што досега беа распределени на повеќе институции меѓу кои полицијата, Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана.

Целта на реформата е централизирање на разузнавачките активности и подобрување на координацијата при донесување безбедносни одлуки, во време на зголемени геополитички тензии во регионот.

Според новиот закон, новото тело ќе ги собира и анализира информациите и ќе известува пред Националниот разузнавачки совет што ќе го предводи премиерката.

Критичарите предупредуваат дека концентрацијата на разузнавачка моќ во една институција може да доведе до злоупотреби и ограничување на граѓанските слободи, а низ земјата беа одржани и протести против реформата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1