Connect with us

Свет

Анкета: Мнозинството Швајцарци сакаат соработка со НАТО и со европските соседи

Резултатите од годишната анкета „Безбедност 2026“ покажуваат дека мнозинството Швајцарци сакаат интензивирање на соработката со земјите од НАТО и со европските соседи, а исто така е голем бројот на граѓани кои ја преиспитуваат традиционалната швајцарска неутралност.

Според анкетата 86 проценти од испитаниците се песимисти за ситуацијата во светот, што е за пет отсто повеќе од минатата година. Дури 83 проценти оцениле дека Швајцарија мора или е потребно да има силна армија.

Во исто време, расте верувањето дека националната армија сама по себе не може да ја заштити земјата во случај на опасност и оти е потребна зголемена соработка со НАТО и соседните земји. Повеќе од половината испитаници (53 отсто) се изјасниле за поблиска соработка со НАТО, што е највисок процент од 1993 година.

Но, сепак мнозинството Швајцарци сè уште се против членство на земјата во НАТО, но бројот на поддржувачи е исто така поголем од кога било, 31 процент.

Дури 85 отсто од Швајцарците ја поддржуваат неутралноста на земјата, но од нападот на Русија врз Украина во 2022 година, поддршка нагло се намали од 97 проценти.

Резултатите од анкетата покажуваат и оти 59 отсто од Швајцарците оцениле дека армијата не може ефикасно да ја брани неутралноста на земјата.

Со 43 проценти, што е највисок процент досега, на оние кои веруваат дека европскиот одбранбен сојуз би ѝ обезбедил на Швајцарија поголема безбедност од неутралноста.

Во анкетата, 78 проценти од Швајцарците ја поддржаа цивилната помош за нападната соседна земја, а 55 отсто изјавија дека треба да испратат оружје на нападната држава.

Речиси една третина (31 процент) го поддржуваат испраќањето швајцарски војници во нападната земја во непосредна близина.

Испитувањето на јавното мислење „Безбедност 2026“ се спроведува секоја година од Швајцарската воена академија (МИЛАК) и Техничкиот факултет во Цирих (ЕТХ).

Маркетинг
Ad 1
Ad 1