Свет
Силен земјотрес го потресе Чиле, нема информации за материјални штети
Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала го потресе Чиле, регионот околу 30 километри источно од градот Калама на северот на земјата. Епицентарот на потресот е лоциран на длабочина од 101,3 километри, во пустината Атакама.
Чилеанските власти засега не пријавиле повредени или материјална штета.
„Опасност од цунами за чилеанскиот брег нема“, изјави Фелипе Плаза од Националната служба за спречување и управување со катастрофи во видео објавено на платформата „Икс“.
Според локалните медиуми, потресот бил почувствуван во регионите Арика, Тарапака, Антофагаста и Атакама.
Чиле е една од сеизмички најактивните држави во светот бидејќи на нејзината територија се судираат три тектонски плочи, па земјотреси со магнитуда помала од седум степени често не предизвикуваат поголемо внимание.
Во 1960 година земјата ја потресе најсилниот регистриран земјотрес во историјата, со магнитуда од 9,5 степени. Тогаш беше разурнат градот Валдивија, а загинаа околу 9.500 луѓе.
Во 2010 година земјотрес со јачина од 8,8 степени предизвика цунами во кое загинаа повеќе од 520 лица.
мај 26, 2026
