Свет
Првиот јапонски танкер ја проби блокадата и помина низ Ормуската Теснина
Јапонски нафтен танкер се врати денеска во матичната земја откако претходно успешно помина низ Ормуската Теснина, како прво јапонско пловило кое успеа да пројде низ овој важен поморски коридор од почетокот на војната во Иран.
Танкерот, со кој управува подружница на големата рафинерија „Идемитсу Косан“, допреми два милиони барели сурова нафта, што е еквивалентно на околу 80 проценти од дневната домашна побарувачка, во префектурата Аичи во централниот дел на Јапонија, пренесе денеска агенцијата Кјодо, повикувајќи се на упатени извори. Екипажот на бродот, во која има и тројца Јапонци, е во добра здравствена состојба.
Според податоците од Автоматскиот систем за идентификација на бродови, „Идемитсу Мару“, брод под панамска знаме долг над 300 метри, влегол во Персискиот Залив кон крајот на февруари, пред Соединетите Американски Држави и Израел да ги започнат нападите врз Иран. Тој утоварил сурова нафта во Саудиска Арабија и отпловил на почетокот на март, откако теснината била блокирана. Неговиот премин привремено бил запрен во близина на брегот на Абу Даби, но успеал да помине низ Ормуската Теснина на 28 април.
Изворите наведуваат дека бродот не му платил транзитна такса на Иран. По напуштањето на Персискиот Залив, бродот поминал низ водите кај Индија и низ Малалкиот Проток пред да пристигне во Јапонија.
Танкер за нафта на друга голема јапонска нафтена компанија, „Енеос Холдингс“, исто така помина низ Ормуската Теснина во средината на маја, а се очекува да пристигне во Јапонија меѓу крајот на мај и почетокот на јуни.
мај 25, 2026
