Фудбал
Иран ќе има нова база на фудбалскиот Мундијал
Фудбалската федерација на Иран ќе ја смени локацијата на својот камп за Светското првенство во фудбал. Поради затегнатите политички односи Иран наместо во САД ќе биде во Мексико, а за тоа треба да добие одобрување од ФИФА изјави претседателот на Иранската фудбалска федерација Мехди Таџ.
Притоа тој во соопштението објави дека сите кампови на екипите кои играат на Мундијалот треба да бидат одобрени од страна на ФИФА.
По низата состаноци со ФИФА промената на кампот е начелно одобрена од ФИФА, но се чека официјалната потврда.
Иранската фудбалска репрезентација ќе има свој камп во Тихуана, Мексико наместо во Тусон во американската држава Аризона.
Таџ уште еднаш истакна дека иранските официјални лица, фудбалери, стручен штаб сè уште немаат добиено американски визи.
мај 25, 2026
