Connect with us

Свет

Бунт во венецуелски затвор: Стотици затвореници се качија на покривот и обвинија за тортура

Стотици затвореници во затворот во градот Баринас, во западниот дел на Венецуела, организираа бунт на покривот од затворскиот комплекс, палејќи душеци и чаршафи и повикувајќи на итна смена на директорот на затворот.

– Бараме правда. Чуварите и надзорниците пукаат во нас, вели еден од затворениците во видеозаписот што го објави „Венецуелскиот центар за надзор на затворите“ – локална невладини организација – на социјалната мрежа Икс, каде се гледа маж со огнена рана во пределот на градите. На други снимки се гледа како затворениците, повеќето со покриени лица, веат транспаренти на кои пишува „SOS“ и „Подложени сме на мачење“.

Затворениците тврдат дека протестирале мирно кога затворскиот персонал отворил оган, при што дел од нив биле ранети. 

Во видеоматеријалите објавени од локалната невладини организација, затворениците бараат смена на неодамна назначениот директор Елвис Макуаре Гереро. Тие изјавија дека им била одземена облеката, им било забрането да примаат посети и биле присилувани да продаваат дрога.

Членови на семејствата на затворениците се собраа пред затворот и влегоа во судир со припадниците на Националната гарда, кои беа опремени со штитови за разбивање демонстрации, но и покрај тоа не успеаја да ги сопрат. Роднините за „Венецуелскиот центар за надзор на затворите“ изјавија дека по нивното влегување слушнале викотици и експлозии. Локалната невладини организација соопшти дека ги документира настаните и ги пријавува до организациите за заштита на човековите права.

Проблемите во венецуелските затвори се честа појава. Невладините организации редовно укажуваат на пренаселеноста во затворите, како и на прекршувањето на човековите права. Тие исто така го потенцираат и доцнењето на судските процедури, поради што затворениците остануваат зад решетки со месеци без судење, како и доцнењето со нивното ослободување.

Венецуелските затвори се следат будно од меѓународните организации, откако владата на привремената претседателка Делси Родригез донесе закон за ослободување на стотици луѓе кои се сметаа за политички затвореници.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1