Свет
Анита Орбан разговараше со Марк Руте за меѓународната безбедност
Унгарската министерка за надворешни работи Анита Орбан денеска изјави дека со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговарала за меѓународната безбедност, зајакнувањето на соработката во сојузот и решавањето на актуелните геополитички предизвици.
Орбан, која учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингбори, на југот на Шведска, рече дека Унгарија останува посветена на стабилноста, дијалогот и соработката заснована на заеднички вредности.
– Зачувувањето на безбедноста и мирот е наша заедничка одговорност – истакна Орбан.
Во Хелсингбори денеска се одржа состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, на кој се разговараше за потребата од поголема распределба на товарот во рамките на алијансата.
мај 23, 2026
