Фудбал
Репрезентацијата на ДР Конго го смени планот на подготовки за Мундијалот
Епидемијата на Ебола во Демократска република Конго (поранешен Заир) го менува планот за подготовки за Светското првенство. Светската здравствена организација (СЗО) прогласи епидемија на смртоносната болест во Конго, а досега се забележани 139 смртни случаи и има потенцијални 600 заразени. Вонредната ситуација влијаеше и на текот на подготовките на фудбалската репрезентација.
Фудбалската федерација на земјата донесе одлука националниот тим да ги откаже подготовките во Киншаса и да замине на безбедна територија во Белгија (ДР Конго е поранешна белгиска колонија).
Епидемијата ги зафати источните провинции на земјата,каде е тешко да се пристапи бидејќи вооружени банди ја имаат власта. Според СЗО ризикот е епидемијата е низок.
Организаторите на Светското првенство САД, Канада и Мексико најавија поголеми здравствени контроли на своите граници за државјаните кои патуваат од Уганда, ДР Конго или Јужен Судан во последните 21 ден.
ДР Конго на Светското првенство избори пласман откако во баражот беше поуспешен од Јамајка, а ќе биде во група со Португалија, Колумбија и Узбекистан.
мај 22, 2026
