Connect with us

Свет

Песков: Шји го информираше Путин за резултатите од посетата на Трамп на Кина

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг сподели информации со рускиот претседател Владимир Путин за време на неформалната средба на чај во Москва за неодамнешната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Па, секако дека сподели информации за посетата на Трамп. Тоа беше многу, многу детален разговор, вклучително и за тоа – рече Песков.

Трамп престојуваше во тридневна посета на Кина, што е прва посета на еден американски претседател од 2017 година.

Трамп и од Пекинг изјави дека тој и Шји постигнале „фантастични трговски договори“, како и дека сè уште нема донесено одлука за голема продажба на американско оружје на Тајван.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1