Connect with us

Свет

Мецола: Различните модели на проширување не се нова работа, може и чекор по чекор

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, денеска на безбедносниот форум ГЛОБСЕК (GLOBSEC) во Прага изјави дека идејата за придружен статус без право на глас во Европската Унија и за набљудувачки статус за другите земји кандидати не е нова, бидејќи меѓу земјите членки веќе подолго време се води внатрешна дебата, но апелираше итно да се направи барем првиот чекор за да им се врати надежта на граѓаните на тие земји дека не ги спроведуваат залудно толку многубројните реформи.

– Мораме да видиме што треба да се направи, не смееме да правиме такви модели со кои некои земји ќе ги паркираме засекогаш и треба да бараме можности. Постои можност земјата да влезе во единствениот пазар порано, во царинската унија, во просторот за роаминг, во програмата Еразмус. Мораме побрзо да им овозможиме на кандидатите да ни се приклучат – изјави Мецола.

На новата идеја на германскиот канцелар Фридрих Мерц, Украина да добие придружен статус без право на глас, а останатите кандидати, вклучително и земјите од Западен Балкан, набљудувачки статус, Метсола рече дека тоа всушност е само дел од дебатата што се води со години – за тоа дали ЕУ треба да оди побрзо или поспоро во проширувањето.

– Јас сметам дека, исто како што еврото почна со одредена група членки, исто како што Шенген започна со само неколку членки на ЕУ, резултатот е дека сè повеќе земји сакаат да се приклучат. Вчера расправавме за тоа Канада да се приклучи на нашата програма за модернизација на воената индустрија и армијата САФЕ (SAFE). Замислете, Канада констатираше дека тоа функционира и има смисла – изјави Метсола во врска со идејата за постепена евроинтеграција преку поединечни области или програми.

Претседателката на ЕП истакна дека ЕУ нема право да и сврти грб на Украина, бидејќи Украина во воени услови успеала да заврши невидена техничка и законодавна работа во својата желба да влезе во ЕУ.

– Ако успеала да го направи она што другите земји го правеле по десет години, ние не смееме да ја свртиме главата и да ја игнорираме таа брзина. Каква порака би им испратиле на Украинците кои се борат за нашата безбедност доколку им кажеме дека мора да почекаат – рече Метсола.

Роберта Метсола потсети дека бројни самити на ЕУ и земјите кандидати поминувале така што ќе се кажело: „Супер, ајде да се сликаме, се гледаме следната година“.

– Јас веќе немам образ да ги гледам тие лидери и да им кажувам, кога од избори до избори тие победуваат ветувајќи ја надежта во сонот, дека тој сон може да се сруши. Моја одговорност е да кажеме дека никој не негира дека проширувањето се одвива според заслугите, чекор по чекор. Но, да ги отвориме првите кластери, да ги направиме неопходните чекори за граѓаните на тие земји да кажат: „Па, ние не го правевме сето ова залудно“ – изјави претседателката на ЕП.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1