Свет
Ал Арабија: За неколку часа ќе биде објавен нацрт-договорот за примирје помеѓу САД и Иран
Телевизијата Ал Арабија објави дека нацрт-договорот за прекин на војната помеѓу САД и Иран, постигнат со посредство на Пакистан, ќе биде објавен во следните неколку часа.
Според телевизијата, со нацрт-договорот се предвидува итен, сеопфатен и безусловен прекин на огнот на сите фронтови – копнен, морски и воздушен. Договорот, исто така, вклучува заедничка обврска да не се таргетира воена, цивилна или економска инфраструктура, да се суспендираат сите воени операции и да се запре медиумската војна.
Договорот предвидува САД и Иран да се обврзат да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на другиот и да не се мешаат во внатрешните работи на другата. Како и слободна пловидба во Персиски Залив, Ормуска Теснина и Омански Залив.
Нацрт-договорот предвидува и воспоставување заеднички механизам за следење на спроведувањето и решавање на споровите, а преговорите за преостанатите отворени прашања ќе почнат во рок од една недела.
мај 22, 2026
