Connect with us

Свет

Воена вежба на американските маринци во Јапонија

Американските маринци во соработка со јапонската армија денеска одржа воена вежба на планината Фуџи, лансирајќи десетици ракети од системот ХИМАРС (High Mobility Artillery Rocket System).

Со високо мобилниот артилериски ракетен систем ХИМАРС, што се монтира на воен камион, можат да се лансираат ракети и потоа брзо да се премести на друга локација за да се избегне контранапад. Совладувањето на така наречената тактика „пукај и бегај“ станува сè поважна компонента на војувањето со оглед на масовното продирање на беспилотни летала на бојното поле, што ги прави поранливи статичките позиции.

Американската армија ХИМАРС го користи во Ирак и во Авганистан, како и во првите денови од војната против Иран.

Системот е особено важен во Тихи Океан, каде што САД се надеваат дека ќе спречат евентуална кинеска инвазија врз Тајван.

ХИМАРС вообичаено е опремен со ракети со мал дострел.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1