Кошарка
ТФТ се избори за мајсторка по триумфот во Битола
Кошаркарите на ТФТ со победата по продолжение 116:112 ја изедначија серијата со Пелистер на 1-1 во добиени натпревари и со тоа се изборија за мајсторка во дуелот за третото место, а со овој триумф ТФТ ја прекина серијата од седум порази во сите натпреварувања. Во резултатски неизвесен и ефикасен натпревар гостите се изборија за победа пред сè откако со поените на репрезентативецот Виктор Ташовски во последните секунди од регуларниот дел изедначија на 98:98.
И во продолжението двете екипи имаа минимална предност и шанса за победа.
Битолчани со овој пораз пропуштија шанса да ја постигнат втората победа во серијата.
Кај Пелистер најефикасен беше Брендан Џенкинс со 37 поени, а комплетната стартна петорка постигна двоцифрен број поени, а играчите од клупата само два.
Во редовите на победничката екипа Џастин Гордон постигна 30 поени, додека играчите од клупата реализираа вкупно 25.
Мајсторката ќе се игра во сабота во Скопје, а домаќин е екипата на ТФТ.
мај 21, 2026
