Connect with us

Свет

Русија постави нуклеарни бојни глави на системите „Искандер-М“ во рамките на воена вежба

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека неговите сили испорачале нуклеарни бојни глави за мобилните лансирни системи „Искандер-М“, ги наполниле и вежбале нивно преместување до неодредени локации како дел од голема нуклеарна вежба.

„Обезбедена е испорака на нуклеарна муниција до теренските пунктови за складирање во позициските сојузни реони на ракетните бригади. Персоналот од ракетните единици извршува воено-тактички задачи за преземање специјална муниција за оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“, опремување на ракетите носители со нив и прикриено придвижување кон одредениот позициски реон како подготовка за ракетни лансирања“, соопштија од Министерството за одбрана.

Во соопштението се наведува дека нуклеарните сили, кои учествуваат во вежбите, се ставени во највисок степен на борбена подготвеност за лансирање нуклеарно оружје.

– Во рамките на вежбата нуклеарните сили одработија практични мерки за доведување на единиците и воените делови способни за употреба на нуклеарно оружје во највисок степен на борбена подготвеност – соопшти воениот ресор, а пренесува ТАСС.

Во воените маневри учествуваа вкупно над 64.000 војници, повеќе од 7.800 парчиња оружје, воена и специјализирана техника, вклучувајќи над 200 ракетни лансери, повеќе од 140 летала, 73 брода и 13 подморници, од кои осум се стратешки ракетни подморници.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1