Connect with us

Свет

Прогласена воздушна опасност во Литванија, армијата апелира до граѓаните веднаш да побараат безбедно место

Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот во главниот град и издаде предупредување за „воздушна опасност“ поради загриженост дека беспилотни летала навлегле во воздушниот простор на земјата.

Според информациите на „Делфи“, најголемиот информативен портал во земјата, литванскиот претседател Гитанас Науседа, премиерката Инга Ругиниене и претседателот на Сејмасот, Јуозас Олекас, веднаш биле преместени во засолништа.

– Веднаш побарајте засолниште на безбедно место, грижете се за вашите блиски и чекајте нови препораки, се вели во пораката на литванската армија упатена до граѓаните на главниот град.

По откривањето на сомнителен дрон во близина на литванско-белоруската граница, Националниот центар за управување со кризи прогласи предупредување за воздушна опасност за жителите на областите Игналина, Утена, Швенчионис и Зарасаи.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1