Фудбал
Рашфорд би можел да се врати во Астон вила
Астон вила размислува да го потпише напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, објави „Мундо Депортиво“.
Договорот за позајмица на 28-годишниот Англичанец со шпанскиот шампион вклучува клаузула за ослободување од 30 милиони евра, која треба да се активира до 15 јуни.
Сепак, иако и клубот и играчот се заинтересирани за потпишување на траен договор, финансиските фактори ја комплицираат ситуацијата.
Ваков епилог одговара на Астон вила која би можела да има корист, бидејќи веќе изрази интерес за Рашфорд. Напаѓачот помина време на позајмица во клубот од февруари до јуни 2025 година.
Рашфорд е во Барселона од јули 2025 година. На 48 натпревари, тој постигна 14 гола и имаше 14 асистенции.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредност на фудбалерот на 40 милиони евра
мај 19, 2026
