Connect with us

Свет

Путин се обрати до кинеските граѓани пред официјалната посета на Пекинг

Рускиот претседател, Владимир Путин, воочи дводневнате официјална посета на Кина, испрати порака до кинеските граѓани, изјавувајќи дека е „радосен што повторно го посетува Пекинг“ на покана на својот „долгогодишен пријател“, кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Путин во видео-обраќањето нагласи дека односите меѓу Русија и Кина се на „неспоредливо високо ниво“, засновани врз взаемно разбирање, доверба и рамноправна соработка.

Тој додаде дека пријателството меѓу двете земји не е насочено против никого, туку има цел „мир и заеднички просперитет“, и истакна дека Русија и Кина се поактивно соработуваат во политиката, економијата, одбраната и хуманитарната сфера.

Според неговите податоци, трговската размена меѓу двете земји ја надминала границата од 200 милијарди долари, а поголемиот дел од плаќањата веќе се вршат во рубљи и јуани.

Владимир Путин исто така ја поздрави воведената безвизна размена меѓу двете држави која, како што рече, ќе придонесе за зголемена економска и туристичка соработка.

Посетата на Кина се очекува да вклучи разговори за клучни и чувствителни прашања, меѓу кои и соработката во енергетскиот сектор, соопшти советникот на Кремљ Јуриј Ушаков.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1