Свет
ИРИБ: Иран воведува нови процедури за премин на бродови низ Ормуската Теснина
Иранските власти објавија воведување нови процедури за премин на бродови низ Ормуската Теснина, според кои сопствениците на бродови мора да поднесат барање за дозвола преку министерствата за надворешни работи на нивните земји, објави денеска иранската државна телевизија ИРИБ.
Според медиумските извештаи, по приемот на барањето за дозвола, иранското Министерство за надворешни работи ја проследува документацијата до морнарицата на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ).
Како што објаснува Ал Џезира, повикувајќи се на државната телевизија на Иран, морнарицата на ИРГЦ потоа ги оценува документите на сопственикот на бродот, рутата на движење, дестинацијата на бродот и видот на товарот.
Како што е наведено, дозволата за премин низ Ормуската Теснина ќе биде издадена ако бродот не припаѓа на „непријателска држава“.
Ормуската Теснина е еден од најважните поморски патишта во светот за транспорт на нафта и гас, а значаен дел од глобалниот извоз на енергија минува низ него
мај 18, 2026
