Connect with us

Свет

„Хаарец“: Меѓународниот кривичен суд издаде тајни налози за апсење на пет израелски функционери; МКС демантира

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде тајни налози за апсење против уште пет израелски функционери – тројца политичари и две воени лица, објави денеска израелскиот весник „Хаарец“. 

Веста доаѓа откако судот со седиште во Хаг веќе издаде налози за апсење во ноември 2024 година за израелскиот премиер Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Според изворот, сè уште не е познато кога се издадени налозите.

Од друга страна, МКС го негираше пишувањето на израелскиот весник во кое се наведува дека се издадени нови налози за апсење на израелски функционери, нарекувајќи го извештајот „неточен“.

Професорот по меѓународно право Елијав Либлих за „Хаарец“ изјави дека во пракса МКС не е должен да ги информира осомничените за постоењето на налози.

„Причините за издавање налози, како што беше направено во случаите на рускиот претседател Путин, израелскиот премиер Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Галант, се одвраќање. Од друга страна, тајноста ги зголемува шансите лицето да се појави на место каде што може да биде уапсено“, рече тој.

Во двегодишната војна што се води во Појасот Газа од октомври 2023 година, израелската армија уби повеќе од 72.000 луѓе, претежно жени и деца, и рани повеќе од 172.000 луѓе.

Според податоците од Министерството за здравство во Газа, армијата продолжува со нападите и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година. Оттогаш се убиени над 870 лица, а над 2.540 се ранети.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1