Connect with us

Свет

Анкета на Институтот Инса: Германците се сè позагрижени за иднината на земјата

Според анкетата на јавното мислење спроведена од Институтот Инса расположението на германските граѓани е на рекордно ниско ниво затоа што огромни 84 проценти од испитаниците се многу загрижени за својата земја, а 64 проценти веруваат дека ниедна влада во моментов не може да ги реши проблемите на земјата, пренесе неделното издание на дневниот весник Билд.

Според резултатите на Институтот Инса, 84 проценти од испитаниците се „силно“ или „многу силно“ загрижени за состојбата во Германија, а 64 проценти од анкетираните, исто така, веруваат дека во моментов ниту една политичка коалиција не може да ги реши проблемите со кои се соочува Германија.

Дури 67 проценти од нив веруваат дека канцеларот ќе мора да поднесе оставка доколку не успеат реформите што демохристијанско- социјалдемократската влада на Фридрих Мерц во моментов се обидува да ги спроведе.

Истовремено, водечките економисти во Германија изразуваат сомнежи во успехот на реформите на социјалниот систем што ги објави владата на Фридрих Мерц откако дојде на власт пред една година.

Водечките економисти за дневниот весник „Велт ам Зонтаг“ дојдоа до заклучок дека блокадите во рамките на коалициската влада се виновни за застојот на процесот на реформи.

Според експертите, планираните реформи, особено на пензискиот систем, содржат многу слабости, а веќе донесениот закон за греење се заканува да биде блокиран пред Уставниот суд поради процедурални недостатоци.

Бундесратот, исто така, минатата недела ја запре владината мерка за ублажување на последиците од зголемувањето на цените на енергијата, која предвидуваше бонус од 1.000 евра за вработените, со образложение дека тоа дополнително ќе ја оптовари веќе ослабената економија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1