Connect with us

Кошарка

Детроит се избори за мајсторка, Сан Антонио закажа финале на Запад

 Кошаркарите на Детроит Пистонс се изборија за нова мајсторка откако ноќеска во натпреварот број 6 како гости го совладаа Кливленд со 115:94 и изедначија на 3:3 во победи, додека Сан Антонио избори финале на Запад откако ја совлада Минесота со 139:109.

Детроит беше уште еднаш на прагот на елиминација, но повторно избори мајсторка на домашен терен. Во текот на првиот Детроит водеше благодарение на серијата од 13:0, иако Кливленд на полувреме намали на само три негатива. Во последниот период Детроит поведе со 14 разлика и без проблем стигна до победа.

Кејд Канингам кај Детроит постигна 21 поен, додека кај Кливленд најпрецизен беше Џејмс Харден со 23.

Сан Антонио со гостинската победа избори победа од 4:2 со Минесота, а најдобар поединец на дуелот беше дебитантот Стефон Касл со 32 поена и 11 скокови. Сан Антонио во текот на целиот натпревар имаше контрола над резултатот и забележа убедлива победа.

Во финалето на Запад Сан Антонио ќе игра против шампионот Оклахома Сити, а финалната серија почнува во понеделник на вторник навечер.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1