Connect with us

Вести

Кој за што, Филипче за Уставни измени

Реформската агенда – патот напред, се вика уставни измени, почеток на преговорите со ЕУ и отварање на поглавјата – тоа е вистинскиот пат напред, одговори  лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање да го коментира повикот на дипломатијата Тимчо Муцунски до опозицијата да има одговорен пристап за реформската агенда, да придонесе во европската иднина и да ја тргне настрана дневната политика.  

– Кој e Тимчо Муцунски што повикува и бара национално единство во делот на националните државни прашања, бидејќи станува збор за реформи закони согласно Планот за раст. Тој што  беше против Преспанскиот договор. Еден од оние што го бојкотираа референдумот или овој сега што вика дека НАТО е добар, рече Филипче.

Прашан дали ќе се вклучат во работата на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, Филипче одговори дека се најавува реформска агенда од страна на власта, но праша што тие работеа во изминатите две години. 

– Реформската агенда-патот напред, уште еднаш повторувам се вика уставни измени, чин кој што ништо не загрозува еве се докажува и секој ден се докажува дека лажеле и Гордана и Христијан и Тимчо. Нема чесност, нема искрена, чесна намера, ги интересира само нивниот интерес, а не интересот на сите граѓани кои се злоупотребени и излажани, изјави Филипче. 

На новинарско прашање дали би подржале доколку влезат само препораките на ОБСЕ и ОДИХР во Изборниот законик, Филипче повтори дека првиот чекор се уставните измени, кои треба да ги направи оваа власт. 

-Еве ви кажав за реформската агенда Христијан Мицкоски вети дека треба да ја исполни до јуни. Да видиме дали од јуни натаму ќе почнеме со европскиот пат, првиот чекор се вика уставни измени и немојте да дефокусирате. Уставни измени е Европа. Тоа е Европа. Тоа е вистинската реформа, ете тоа е  -рече Филипче.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1