Connect with us

Свет

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина

Иран им дозволи на одредени кинески бродови премин преку Ормуска Теснина откако со Кина беше постигнат договор за иранските правила за управување со мореуз, јави иранската новинска агенција Фарс.

Неименуван извор за Фарс изјави дека одлуката е донесена на барањето на шефот на кинеската дипломатија и кинескиот амбасадор во Техеран да се олесни преминот на кинеските бродови низ Ормуска Теснина во согласност со стратешкото партнерство помеѓу Иран и Кина.

Иран значително го ограничи сообраќајот низ Ормускиот теснец откако почнаа нападите на САД и Израел на 28 февруари. Блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, воведена неколку дена по договорениот прекин на огнот на почетокот на април, ја продолжи кризата со енергенсите.

Податоците за следење на бродовите покажаа дека кинески супертанкер што превезувал два милиони барели ирачка сурова нафта, вчера поминал низ Ормуска Теснина, откако беше блокиран во Персиски Залив повеќе од два месеци поради војната меѓу САД и Иран.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1