Connect with us

Општини

Денот на Европа во Битола одбележан со музички концерт

Денот на Европа, вечерва во Битола беше одбележан со концерт на музичката група Фанк Шуи, културен настан кој заедно со младите од овој град го следеа амбасадорот на ЕУ во земјава Михаил Рокас и градоначалникот Тони Коњановски.

Посакувајќи пријатна забава, амбасадорот Рокас им порача на младите да уживаат во музиката на популарната група и да ја посетуваат канцеларијата на Europe House во битолскиот Офицерски дом.

За време на вечерашното дружење во Битола, младите со минута молчење изразија сочувство за младите од Кочани кои минатата година трагично ги загубија своите животи во пожар на концерт на групата ДНК во клубот „Пулс“ во Коачни.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1