Свет
Рубио ја нарече Кина најголем геополитички предизвик за САД
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја опиша Кина како најголемиот геополитички предизвик за САД, но истовремено и како најважниот однос што Вашингтон мора внимателно да го менаџира.
Говорејќи за „Фокс њуз“ во авионот на пат кон Кина, Рубио изјави дека Пекинг е „и наш најголем политички и геополитички предизвик, но и најважниот однос што треба да го управуваме, бидејќи станува збор за голема и моќна држава“.
„Ќе има интереси што ќе бидат во судир со нивните интереси и за да се избегнат војни и да се зачуваат мирот и стабилноста во светот, ќе мора внимателно да се управува со тие односи“, рече Рубио без да навлегува во дополнителни детали.
Државниот секретар изјави и дека САД веќе и ставиле до знаење на Кина дека секоја поддршка за Иран „очигледно“ би ги нарушила односите со Вашингтон, додавајќи дека тоа прашање ќе биде дел од разговорите во рамки на посетата на Пекинг.
Кина е еден од најважните меѓународни партнери на Иран. Вашингтон повеќепати воведе санкции против кинески компании обвинети за нелегална трговија со Иран.
мај 14, 2026
