Свет
Републиканците во американскиот Сенат повторно го блокираа законот за прекинување на војната во Иран
Републиканците во американскиот Сенат денеска повторно го блокираа предлог-законот на демократите со кој требаше да се запре војната со Иран, поддржана од претседателот Доналд Трамп со Иран.
И покрај блокадата, американски медиуми забележуваат дека расте бројот на републикански сенатори кои гласаат против војната. Резолуцијата за воени овластувања не беше усвоена со тесен резултат од 49 гласа „за“ и 50 „против“. Демократскиот сенатор Тим Кејн порача дека набрзо ќе дојде денот кога Сенатот ќе му наложи на претседателот да ја запре војната.
Од своја страна, Белата куќа тврди дека не и е потребна дозвола од Конгресот за водење на војната, заобиколувајќи ги законските барања со аргумент дека САД веќе „ги прекинале“ воените дејствија бидејќи има склучено примирје. Ваквата позиција создаде сериозни тензии меѓу Конгресот и администрацијата на Трамп, особено поради Резолуцијата за воени овластувања од 1973 година, која налага претседателите да добијат одобрение во рок од 60 дена од почетокот на конфликтот.
Министерот за одбрана Пит Хегсет пред законодавците изјави дека САД би можеле повторно да го бомбардираат Иран без дополнително одобрение, тврдејќи дека администрацијата ги има сите потребни овластувања.
мај 14, 2026
