Connect with us

Свет

Пилот-проект: Полицијата во Берн ангажира 30 „суперпрепознавачи“ за идентификација на криминалци

Полицијата во швајцарскиот кантон Берн идентификуваше 30 лица со т.н. „суперпрепознавачки“ способности за учество во пилот-проект што ќе се спроведува во текот на летото, соопштија полициските власти.

Станува збор за лица кои имаат натпросечна способност за препознавање и помнење ликови, а кои би можеле да ѝ помогнат на полицијата во идентификацијата на сторители на насилни кривични дела, наведува „Свис инфо“. Како што изјави портпаролот на полицијата, околу 10 отсто од учесниците на тестирањето покажале вакви способности, по што биле известени и веднаш започнале детални подготовки за реализација на проектот.

Во март кантоналниот парламент ја усвои иницијативата на партијата „Центарот“ (Die Mitte), со која се предлага зајакнување на полициската работа преку ангажирање вакви талентирани поединци.

Полицискиот проект веќе бил во фаза на подготовка, а како една од клучните причини за иницијативата беше наведен пропалестинскиот протест од октомври минатата година, кој ескалираше во насилство.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1