Connect with us

Вести

Худолин: Има стапка на исполнетост и позитивен тренд во Реформската агенда

Во однос на Реформската агенда веруваме дека сепак има стапка на исполнетост и позитивен тренд од почетокот на овој извештаен период и се надеваме дека ќе има и поголема исполнетост до крајот реформските чекори, рече денеска Штефен Худолин, шеф на секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, во изјава за медиуми пред Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ).

– Денеска сме собрани тука со претставници на граѓанското општество да разговараме за Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан. Ние сме на средина од имплементацијата на Реформската агенда и имаме многу теми за дискутирање. Досега имаме некои оценки, а некои во моментов се во фаза на ревизија од страна на Европската комисија и сме непосредно пред друг рок, кој е крајот на јуни, кога земјата треба да поднесе извештај за постигнувањата на овој рок.

Худолин истакна дека ќе следи уште една оценка на постигнувањата на поставените рокови, а целта на денешниот комплексен состанок, како што посочи, е поголемо вклучување на граѓаните и подигање на свеста дека институциите одговорни за спроведување на Реформската агенда можат да бидат повикани дготвени на одговорност, доколку не се спроведува Реформската агенда.

Во однос на тоа кои се тие оценки кои ги ревидира ЕК, вели дека е рано е сè уште да се каже.

-Сепак, има месец и половина до самиот преглед. Има и Интернет страница на којашто има табела со споредбени резултати од следењето на реформите во Западен Балкан. Впрочем, една од целите на воведувањето на самиот План за раст беше да се поттикне тој дух на конкурентност меѓу земјите од Западен Балкан, како стои една земја од Западен Балкан споредбено со друга. Впрочем, и граѓаните да можат да ги видат резултатите и да ги споредат резултатите за нивната земја со резултатите од останатите земји. Се работи за вклученост и комбинација на повеќе сектори. Можеме да кажеме дека има подобрувања во овој извештаен период. Кога ќе се заврши прегледот, ќе бидат нотирани сите досегашни подобрувања, рече Худолин.

Директорката на ЕПИ Симонида Кацарска истакна дека од нивниот мониторинг е утврдено дека имаме околу четириесеттина проценти исполнување од првата година од Реформската агенда и сега сме во очекување на оценката од Европската комисија, којашто треба да дојде за декември 2025.

-Она што знаеме дека од нашиот мониторинг, којшто го објавуваме редовно, дека за овој период имаме подобра подобар успех, знаеме и дека од она што го чувме неформално од Европската комисија, ќе очекуваме дека дел од тие чекори коишто беа заостанати ќе бидат имплементирани. Тоа што би сакала да го споменам на крајот е дека овој мониторингот на реформските агенди е значаен за нас, не само од аспект на следење на реформите, туку затоа што сите градиме капацитети за нов механизам којшто би требало да се применува и во идните идните циклуси на финансирање од страна на Европската Унија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1