Свет
Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела како дел од САД
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Тру соушал“ визуелна содржина во форма на мапа, на која Венецуела е прикажана како дел од САД, со натпис „51. држава“.
Објавената фотографија ја прикажува територијата на Венецуела исполнета со боите на американското знаме.
Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, пред два дена изјави дека нејзината земја не планира да стане 51. земја на САД по информациите дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за таков чекор.
„Ќе продолжиме да ги браниме нашиот интегритет и суверенитет, нашата независност и нашата историја“, рече Родригез, која ја презеде власта во јануари по американската воена операција, со која беше соборен тогашниот претседател Николас Мадуро, пренесуваат американските медиуми.
мај 13, 2026
