Свет
Премиерот на Бахами реизбран по победата на предвремените избори
Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, и неговата владејачка Прогресивно-либерална партија денеска повторно се избрани да управуваат со земјата, а Дејвис стана првиот лидер кој е избран за втор последователен мандат во речиси 30 години.
„Бахамскиот народ се изјасни и јас ја прифаќам нивната одлука со понизност и благодарност“, изјави Дејвис за британските медиуми.
Оваа победа е мандат да продолжиме да ги водиме Бахамите напред, да ги прошириме можностите, да ја зајакнеме безбедноста, да го намалиме притисокот врз семејствата и да постигнеме напредок на нашите острови“, додаде тој.
мај 13, 2026
