Connect with us

Вести

Поранешниот министер Љупчо Николовски повикан на разговор во полиција, тој пак вели дека случајот бил монтиран

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полициска станица на 7 мај – потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. 

– Лицето за кое прашувате, на 7.5.2026, по наредба на Основното јавно обвинителство, е повикано на информативен разговор во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста – велат од МВР.

Николовски, пак, денеска во реакција на „Фејсбук“ напиша дека не се работи за прекршување на Законот за јавните набавки, ниту за пријава од земјоделци, и притоа обвинува дека „станува збор за монтиран случај, кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1