Connect with us

Вести

Одржан онлајн-состанок со претставници на Европската комисија за реформската агенда и за планот за раст

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции одржаа онлајн-состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан.

На состанокот, информираат од Кабинетот на министерот за европски прашања, учествуваше генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Герт Јан Копман, како и други претставници на Европската комисија и државните институции.

– За време на состанокот беше разгледан напредокот во спроведувањето на приоритетните реформи, динамиката на исполнување на реформските чекори и меѓуинституционалната координација во рамките на механизмот за реформи и раст. Беше нагласено значењето на продолжувањето на реформите во областа на владеењето на правото, јавната администрација, управувањето со јавните финансии, дигиталната трансформација и економскиот развој како дел од процесот на европска интеграција на државата – се вели во соопштението од Кабинетот на Сали.

Соговорниците, се додава, ги потврдија партнерството и блиската соработка меѓу Владата и Европската комисија во реализацијата на реформските приоритети и унапредувањето на европскиот пат на државата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1