Connect with us

Вести

Мицкоски за случајот со мазутот и ТЕЦ „Неготино“: Шокиран сум од одлуката на Абази

Премиерот Христијан Мицкоски е изненаден од одлуката за стопирање на случајот за набавката на мазут во ТЕЦ „Неготино“, но, како што рече, има информации дека штом АД ЕСМ ќе ја прими одлуката, ќе ја обжали, по што се надева дека случајот ќе биде вратен на повторно разгледување. 

– Јас со неверување ја примив оваа вест и искрено да кажам, бев шокиран од она што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, најави дека штом ќе ја добие одлуката, ќе вложи жалба. Очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на повторно разгледување и повторна анализа – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.

Ако тоа не се случи, рече премиерот, тогаш навистина Обвинителството за гонење организиран криминал ќе го изгуби својот кредибилитет.

– Ова ОЈО ГОК, предводено од Ислам Абази, сме го коментирале, немам што дополнително да кажам. Јавноста знае за каков обвинител станува збор. Исто така, сакам да кажам дека во текот на вчерашниот ден јас разговарав и со јавниот обвинител Ненад Савески, кој ме информира дека не бил информиран за оваа одлука на ОЈО ГОК. Претпоставувам дека по вложената жалба од страна на АД ЕСМ, случајот ќе биде преразгледан и вратен на повторно анализирање – рече премиерот Мицкоски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1