Вести
Мицкоски: Градоначалникот на Карпош, Лукровски, нема дадено оставка, тој е на боледување, политички глодари се ситат на неговата здравствена состојба
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, не дал оставка, туку од здравствени причини е на боледување. Додека се врати од боледување, нагласува Мицкоски, во Општината има законски избран заменик, кој ќе го заменува во извршувањето на обврските и надлежностите.
– Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, нема дадено оставка. Тој е на боледување. Во моментот во Општината има законски избран заменик-градоначалник, кој го заменува градоначалникот додека е на боледување поради одредени здравствеи проблеми. Иако имаше и такви политички глодачи, кои излегуваа и се ситеа на здравствена состојба на човек, јас нема да ги коментирам тие политички глодачи. Му посакувам брзо закрепнување на градоначалникот и што побргу да се врати на својата работна позиција – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.
Во меѓувреме, до тој момент, нагласи премиерот Мицкоски, ќе го заменува заменик-градоначалникот, кој во согласност со законот е именуван од страна на градоначалникот.
– Повеќе детали за здравствената состојба ниту сум овластен ниту би сакал да споделам – нагласи премиерот Мицкоски.
мај 13, 2026
