Connect with us

Свет

Канцеларијата за буџет на Конгресот на САД: „Златната купола“ би можела да чини над еден трилион долари

Ракетниот одбранбен штит предложен од американскиот претседател Доналд Трамп би можел земјата во следните две децении да ја чини повеќе од еден трилион долари – се наведува во извештај на Канцеларијата за буџет на американскиот Конгрес (CBO) објавен синоќа, јави ДПА.

Независен буџетски надзорник ги процени вкупните трошоци за „Златната купола“ на речиси 1,2 трилион долари во текот на 20 години вклучувајќи приближно еден трилион долари само за трошоци за набавка.

Повеќе од две третини од овие трошоци за набавка би произлегле од вселенската компонента на системот, се наведува во извештајот, пренесен од германската агенција.

Трамп го почна проектот на почетокот на својот втор мандат моделирајќи го според израелскиот одбранбен штит „Железна купола“, но предвидувајќи многу поширок систем способен да пресретнува не само ракети со краток дострел туку и модерни хиперсонични и ракети со долг дострел и од воздух и од вселената.

Предложениот систем значително би се проширил надвор од постојните капацитети за ракетна одбрана на САД.

Трамп минатата година изјави дека првичните 25 милијарди долари се наменети за почнување на проектот и ги процени вкупните трошоци на приближно 175 милијарди долари.

CBO ги базира своите процени на извршна наредба, што Трамп ја потпиша кратко по преземањето на функцијата. Според оваа рамка, системот би вклучувал регионална и национална копнена одбрана, како и можности за пресретнување преку сателит, потсетува ДПА. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1