Вести
(Видео) Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза
Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза – напиша на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот.
– Видете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, каде што последниве две години изградивме многу и набргу македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија – се вели во објавата од вицепремиерот Николоски.
мај 12, 2026
