Вести
Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, повикан во СВР Скопје на службен разговор
Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски денеска бил повикан на службен разговор во СВР Скопје, дознава Алфа од извори во истрагата.
Според информациите, разговорот е поврзан со сомнежи за злоупотреби при спроведување на јавна набавка во вредност од над 800.000 евра, реализирана во периодот кога Николовски ја извршувал министерската функција.
Од засега достапните информации, предметот се однесува на евентуално постапување спротивно на Законот за јавни набавки.
мај 12, 2026
