Connect with us

Вести

Бегај го пречека началникот на Генералштабот на македонската армија Лафчиски

Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска го прими началникот на Генералштабот на македонската армија, генерал-мајор Сашко Лафчиски. 
 
-Средбата се фокусираше на зајакнување на соработката во областа на одбраната и безбедноста меѓу двете соседни земји, сојузници на НАТО, како и на важноста на регионалната координација во услови на безбедносни предизвици, објавија од кабинетот на Бегај. 
 
Шефот на албанската држава искажал „висока оценка за придонесот на Северна Македонија во мисиите на НАТО“. 
 
-Во контекст на новата геополитичка динамика, претседателот Бегај  ја истакна потребата од зголемување на инвестициите во безбедноста и одбраната, инвестирање во коридорот VIII, кој е од стратешко значење за регионот и Алијансата, како и зголемување на придонесите во колективната одбрана, стои во соопштението. 
 
За посетата на македонската делегација објави и Началникот на ГШ на албанската армија Арбен Кинѓи. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1