Connect with us

Свет

Писториус: Зборовите на Путин за крај на војната во Украина може да се уште една измама

Зборовите на рускиот претседател Владимир Путин за евентуален крај на војната во Украина може да се уште една измама со цел да се одвлече вниманието од слабоста на Русија, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на ненајавената посета на Киев.

Путин во саботата изјави дека според него војната во Украина оди кон својот крај и дека е подготвен да учествува во преговори за нови договори за архитектурата на безбедноста во Европа. Рускиот претседател го посочи поранешниот германски канцелар Герхард Шредер како можен посредник во таков дијалог.

Путин може сам да и стави крај на војната ако сака, изјави Писториус.

– Секогаш, меѓутоа, постои страв, се надевам дека грешам, дека тоа е уште една измама и не треба да ја исклучуваме таа можност – додаде германскиот министер за одбрана.

– Сметам дека на овој начин Путин се обидува да го одвлече вниманието од сопствената слабост. Во овој момент тој не може да се пофали со речиси никакви територијални придобивки, а неговата армија продолжува да губи делови од окупираните територии – рече Писториус.

Украина и Русија во петокот склучија договор за тридневен прекин на огнот, како дел од напорите на САД за мир под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп, но и двете страни се обвинија меѓусебно за кршење на привременото примирје.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2